О.Прилеп: Градоначалникот Илија Јованоски се сретна со младиот иноватор Сашо Јандрески

Градоначалникот Илија Јованоски, вчера оствари средба со младиот иноватор Сашо Јандрески,  ученик во гимназијата „Мирче Ацев“и најмладиот  волонтер на Итната медицинска помош во Прилеп.

На средбата гимназијалецот Јандрески го запозна градоначалникот Јованоски со својот проект „Медицински шприц за еднократна употреба„  и придобивките кои би се оствариле од реализација на истиот. Проектот се однесува на дизајн на медицински шприц, кој кога би се направил би ги заменил сите модели на шприцеви кои што денес се употребуваат за медицински цели.

Според гимназијалецот Јандрески, шприцот би бил компактибилен за венска и мускулна употреба. Последен патент кој што е извршен во нашата држава од аспект на медицината е во 1993 година.

Извор: Општина Прилеп