О.Прилеп: Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ започна со имплементација на проектот WATENERGY CYCLE

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Прилеп започна со имплементација на проектот WATENERGY CYCLE ( Urban water full cycle: from its source to its end-users and back to the environment) – предводен од INTERREG BALKAN-MEDITERRANEAN. Средствата во висина од 165,000 евра  се наменети за набавка на ГИС систем за потребите на “Водовод и канализација” и додатна опрема за детектирање на дефекти.

Географски информационен систем (ГИС) е систем дизајниран за снимање, чување, манипулирање, анализа, управување и презентирање на просторни или географски податоци. ГИС-апликациите се алатки кои овозможат интерактивни пребарувања, анализирање просторни информации, уредување податоци во мапи и презентирање резултатите од сите овие операции. Просторните податоци во ГИС-от се распореди во неколку тематски нивоа т.н слоеви во форма на дигитални карти. Секоја од просторните податоци е придружена со координати. Со помош на системот јавното претпријати  „Водовод и канализација“  ќе има моментален увид на предвидена состојба (преклопувајќи ги подлогите), како и фактичката состојба т.е катастарска ситуација и детален преглед со сателитска снимка. Исто така ќе се има увид и врз водоводната и канализационата мрежа со атрибутни податоци за нив како податоци за корисници ,слика од шахта каде е поставено броилото и податоци за типот на водоводната и канализационата инсталација. Со преклoпување на слоевите од различните тематски нивоа и со подесување на транспарентноста на слоевите може дирекно да се врши споредување на овие две состојби, со што ќе ја олеснува работата на вработените како и на техничарите кои се излезени на терен да ги санираат дефектите .

Тимот од ЈКП “Водовод и канализација”- Прилеп кој е вклучен во имплементација на овој проект и вработените во Одделението за  припрема и инвестиции  активно работат на подготовка на податоците потребни за ГИС системот и напоредно се надоградуваат со  учество на обуки за управување со опремата за детектирање на дефекти.           

Првата фаза од набавката е веќе завршена и доставена е опремата за детектирање на дефекти за водоводна и канализациона мрежа: корелатор, два детектори за  деромагнетски материјали, гис релациона база на податоци, дата логер GSM/GPRS со повеќе канали и камера за отпадна вода.

Во текот на овој месец следуваат уште неколку практични обуки, со кои вработените ќе добијат поголемо искуство за ракување со опремата.

Извор: Општина Прилеп