O.Прилеп: ЈКП „Водовод и канализација“ ја реконструира водоводната мрежа на улица „Љубе Грујоски“

Во текот на оваа недела, ЈКП „Водовод и канализација“ започна со реконструкција на водоводната линија на ул. „Љубе Грујоски“, поранешна Савска, во населбата Жабино маало. Постоечката поцинкувана водоводна мрежа се менува со полиетиленски цевки, со дијаметар 90.

Од јавното претпријатие информираат дека со реконструкцијата ќе бидат опфатени и сите ќуќни приклучоци. Во исто време, пет семејства на кои досега им беше оневозможено да се вклучат во постоечката канализациона мрежа по пат на гравитација, сега ќе бидат вклучени во колекторскиот систем со пумпна станица за отпадни води, што претставува новитет во работењето во ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп.

Извор: Општина Прилеп