О.Прилеп: Нова компјутерска опрема и нагледни средства за СОУ „Орде Чопела“

Средното училиште „Орде Чопела“ доби вредна компјутерска опрема и нагледни средства од Министерството за образование и наука за подобрување на образовниот процес.

Компјутерската опрема и нагледните средства кои ги доби средното
училиште „Орде Чопела“ се дел од проектот за поддршка и развој на
вештини и иновации, спроведуван од Министерството за образование и наука.

Новата опрема во компјутери и нагледни средства ќе овозможи да се
олесни воспитно – образовниот процес како и подобрување и
збогатување на знаењата од областа на информатичко –компјутерската технологијa и проширување на знаењата на учениците.

„Средното општинско училиште „Орде Чопела“ доби вредна опрема прекуМинистерството за образование и наука, преку проектот за поддршка иразвој на вештини и иновации , преку проектот SKILLS . Во опремата добивме интерактивна табла со проектор и софтвер, дваесет персоналникомпјутери леново, мулти – медија проектор, лаптоп компјутери, скенер,мулти –функциски печатач – фотокопир и дигитална камера. Со овааопрема значително ќе се подигни нивото на користење на информатичкa – компјутерската технологија во наставата во нашето училиште“, истакна Анета Пејоска, директор во СОУ „Орде Чопела“

Реализацијата на овој проект на Министерството за образование и наука има за цел модернизација и зајакнување на квалитетот на образовниот процес во средните стручни училишта. 

Извор: Општина Прилеп