О.Прилеп: Жителите на прилепската населба Варош и градоначалникот Јованоски, заедно го одбележаа Голем Петок

Жителите од најстарата прилепска населба Варош, денеска го одбележаа христијанскиот празник Голем Петок – Балаклија, празник кој се чествува секој прв петок после Велигден и кој е домашна слава на многу семејства.

По тој повод, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пратеничката Кети Смилеска и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, ја посетија населбата и остварија средба со жителите на Варош.

Честитајќи им го празникот, градоначалникот Јованоски истакна дека овој ден е од големо значење за жителите на Варош, кои во духот на традицијата го прославуваат со празнична трпеза. Тој напомена дека овој ден меѓу жителите на населбата е познат и како „Излечив Петок“, бидејќи постои верување дека доколку ова утро ги измијат рацете и лицето, тоа ќе им донесе излекување од сите болести.

Извор: Општина Прилеп