О.Пробиштип: ,,Младинска картичка“ – попусти за млади од 15 до 29 години

Агенцијата за млади и спорт го имплементира проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите и се дел од секојдневието на еден млад човек. За таа цел упатуваме апел до сите правни субјекти од Општина Пробиштип да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат истата преку младинската картичка, со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво, но исто така и помеѓу сите млади корисници на картичката. Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставуваа можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.

Од друга страна овој проект ќе овозможи финансиско олеснување за младите и голем број на поволности и бенефиции во нивното секојдневие, што ќе го подобри начинот на живот на младите, за што ние како општина континуирано се залагаме.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општината во Одделението за  локален економски развој, на е-пошта: info@probistip.gov.mk или на телефон: 032 483 131 локал. 102.

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето на алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе, најдоцна до 10.05.2019 година.

Извор: Општина Пробиштип