О.Пробиштип: Велигденски хепенинг 2019 година

На повеќенаменското игралиште во Злетово и на градскиот плоштад „Св.Гаврил Лесновски“ во Пробиштип на ден 25.04.2019 година се одржа традиционалниот Велигденски хепенинг 2019.

На истиот, како и секоја година активно учествуваа дечињата и учениците од детската градинка и општинските училишта во општина Пробиштип. Манифестацијата со свои настапи ја збогатија и балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“.


Општина Пробиштип Ви посакува среќни и весели Велигденски празници.

Извор: Општина Пробиштип