О.Радовиш: Еколошка акција ,,Не биди ѓубре”

Младинци и граѓани од с. Ињево под мотото „Не биди губре„ на ден 25.04.2019 година ја реализираа еколошката акција во рамките на граѓанската акција со цел подигнување на еколошката свест помеѓу граѓаните.

Младите екологисти од с. Ињево помеѓу кои имаше и млади иселеници од Ињево во западните земји, но и младинци од с. Ињево своијата акција ја реализираа со поддршка на ЈП Плаваја и Противгпожарната единица во Радовиш.

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов ја посети акцијата и им даде поддршка на овие млади луѓе со желба нивниот пример да го следат и младите во градот и низ целата општина Радовиш.

Извор: Општина Радовиш