О. Радовиш: Потпишан договор за изградба на локален пат од мостот на Смиљанска река до село Смиљанци

Општина Радовиш во соработка со канцеларијата на Светска Банка во РСМ, потпишаа договор со фирмата „Ленди Груп“ ДООЕЛ- Скопје за изградба на патот од мостот на Смиљанска река до центарот на селото Смиљанци во вредност од 25.5 милиони денари.

Со градежните активности на траста во должина од 2.7 км ќе се започне на 5ти Мај а се очекува комплетирање до крајот на месецот Јуни.

Извор:  Општина  Радовиш