О. Штип : Акција на ,,Пролетно чистење и уредување”

На ден 06.04.2019 година во рамките на програмата за работа на локалната самоуправа во населбата Македонка се одржа акција на “Пролетно чистење и уредување”.

Оваа акција беше спроведена од јавните претпријатија и од граѓаните на оваа урбана заедница, а исто така беше посетена и од градоначалникот Бочварски.

Се чистеа зелените површини, се уредуваа дрворедите и зелените садници, јавното претпријатие Стипион работеше на бетонирање на пешачката патека која беше тешко проодна и беше голем проблем за граѓаните кои минуваа во тој дел од населбата.

Општина Штип и јавните претпријатија ќе продолжат со ваквите активности, со цел поубави и почисти заедници.

Извор:  Општина  Штип