О.Штип: Асфалтирање на улицата Плачковички одред и дел од улицата Сремски фрот – Населба Сењак

Општина Штип продолжува со реконструкција и санација на патната инфраструктура во градот и на оние критични места коишто се тешко проодни за пешаците и автомобилите.

Се работеше на комплетна санација со асфалт на улицата Плачковички одред и на крак од улицата Сремски фрот, пред станбен блок Б19 во населбата Сењак.

„Се работи за 2300 метри квадратни нов слој асфалт и подобрување на инфраструктурата во висина од 1 милион денари. Со ова покажува Општина Штип дека барањата на граѓаните ги разгледуваме сериозно и пристапуваме кон нивна реализација,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип во овој период ќе продолжи со градежните активности на сите локации во градот кадешто патната инфраструктура е дотраена.

Извор: Општина Штип