О.Штип: Честитка по повод најголемиот христијански празник Велигден

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка до сите православни верници по повод најголемиот христијански празник Велигден.

„Дозволете ми на сите православни верници да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со искрени желби за добро здравје, општа благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови.

Ви посакувам да ги поминете велигденските празници со мир во душата, љубов и верба во срцата и во кругот на Вашите најблиски,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

Извор: Општина Штип