О.Штип: Награди и признанија по повод 19 декември – Денот на градот

Во организација на Општина Штип, доделени се наградите и признанијата за 19 декември – Денот на градот.

Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот.

Добитници на наградите оваа година се:

–      Мирко Наџаков – Фудбалер и педагог со своја богата спортска кариера.

–      Кирил Барбареев – Редовен професор на Универзитет „Гоце Делчев“.

–      Катица Жежова – Хуманист кој има дарувано повеќе од 80 пати крв.

–      Добитник на свечениот орден „Свети Никола“ е г-динот Михаил Данев. Општественик политичар и стручнак кој со својот ангажман и делување одбечежа речиси половина век во Штип и Македонија.

На овој настан присутни беа, В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, претседателката на Совет на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска како и новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов.

Добитниците на наградите истакнаа огромна благодарност за овие признанија кои се едни од повеќето во нивниот животен век.

Извор: Општина Штип