О.Штип: Одбележан на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април

На ден 08.04.2019 година по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април се организираа  културно уметнички настани во организација на ромските невладини организации и Општина Штип, во Дом на млади.

Овој настан започна со приредба на учениците од основните училишта во Штип, а потоа продолжи со јавна дебата на тема „Ромите во минатото, сегашноста и иднината“.

На настанот свој поздравен говор имаше и градоначалникот Бочварски.

„Заеднички да создаваме подобри услови за живот,социјална вклученост , еднакви права и обврски пред законите.Јас како градоначалник, со ваша помош  и понатаму ќе се борам за создавање пристојни услови за живот за секој граѓанин, за среќата и насмевката на секое дете.Само срекни и задоволни граѓани ќе изградат успешно општество и подобра иднина.

Нека ви е среќен и вековит денешниот празник,“ истакна Бочварски во своето обраќање.

Градоначалникот Бочварски присуствуваше на пеењето на химната пред Општина Штип, а потоа во својот кабинет ги прими претставниците од ромските невладини организации.

Извор:  Општина  Штип