О.Штип: Одлука за изградба на затворен базен во Штип

Општина Штип ќе добие затворен базен во склоп на ООУ „Димитар Влахов“ за потребите на спортистите но и на останатите граѓани.

Општина Штип е првата Општина од останатите 14 каде ќе се гради затворени базени, која издаде одобрение за градба на ваков тип на објект.

„Со одлука на владата ќе се градат 14 покриени базени на територијата на нашата држава и еден од тие базени ќе биде изграден овде во склоп на училиштето Димитар Влахов.

Се работи за првиот базен којшто ќе биде изграден бидејќи ние како локална власт бевме агилни и веќе издадовме градежно одобрение за изградба на овој мал затворен базен којшто ќе можат да го користат граѓаните, учениците и спортските клубови.

Овој базен ќе има димензии како објект 600 метри квадрарни, со што внатре ќе ги има сите пропратни содржини,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Овој затворен базен ќе даде дополнителен развој на градот, но и на населбата Сењак кадешто веќе се гради детска градинка, се реновираше училиштето, ќе се реновира постоечкиот клон на детската градинка Астибо, нови улици кај објектот Луна Комерц.

Извор: Општина Штип