О.Штип: Посета на збратимениот град Сплит од страна на градоначалникот Бочварски

Во изминатите неколку денови градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски беше во посета на збратимениот град Сплит на покана на градоначалникот на Сплит, Андро Крстуловиќ по повод патронот на градот „Свети Дуе“.

Оваа посета е после подолг период се со цел соработката да се подигне на повисоко ниво, бидејќи Општина Штип и градот Сплит договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година.

Градоначалникот Бочварски посочи дека соработката со Сплит ќе продолжи со поголем интензитет и на повеќе полиња.

Една од позначајните работи во културата кадешто Штип и Сплит може да разменуваат искуства се штипскиот фестивал „Макфест“ и сплитскиот фестивал.

За Општина Штип од големо значење се искуствата во аплицирање на европски проекти кои ќе значат развој на нашиот град и затоа очекуваме и посета од страна на градоначалникот на Сплит во нашиот град.

Извор: Општина Штип