О.Штип: Увид на градежните активности кај населбата Железничка

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски  на  ден 31.05.2019 година изврши увид во започнатите активности за реконструкција на улицата во долниот дел од населбата Железничка кадешто секојдневно се движат граѓани коишто живеат или работат во тој дел од градот.

Постоечката патна инфраструктура беше дотраена и тешко проодна за пешаците и автомобилите.

„Денеска вршиме асфалтирање на 5000 метри квадратни нов асфалтен слој на пристапната улица во долна Железничка, ова беше и барање на граѓаните од оваа населба но и барање на компаниите.

Инвестицијата на оваа улица е околу 2,1 милион денари,“ изјави Бочварски.

Компаниите во овој дел од градот ќе дадат свој придонес во овој проект и ќе влезат заедно партнерски со Општина Штип во негова реализација.

Извор: Општина Штип