О.Штип: Увид во поставени фотоволтаици на ТППЕ Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на ден 15.05.2019 година изврши увид во поставените фотоволтаици на противпожарната служба во Штип. Ова е грант од европските фондови и вакви фотоволтаици се поставени исто така и на ООУ „Ванчо Прќе“ и филтер станицата.

Овие фотоволтаици се со цел заштеда на електрична енергија во овие институции со што се овозможува заштедите да ги инвестираат во дополнителна опрема за подобро функционирање.

„Се работи за фотоволтаици коишто ќе прават заштеди на електрична енергија на годиштно ниво од 420.000 денари за сите овие три објекти.

Оваа инвестиција е 40.000 евра за поставување на фотоволтаиците на сите три објекти заедно со сите пропратни елементи,“ изјави Бочварски.

Овие неповратни грантови од Европската унија се важни за развојот на општините и на државата и затоа Општина Штип ќе работи партнерски и ќе биде отворена за соработка со сите институции.

 

Извор: Општина Штип