O Штип: Увид во работата на прифатилиште за бездомни животни

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ветеринарната станица Штип извршија увид во работењето на прифатилиштето за бездомни животни.

Се работи за проект кадешто се одгледуваат заловените бездомни животни. Во овој објект Општина Штип преку јавните претпријатија инвестираше 1 милион денари.

„Општина Штип преку ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“ работеше на изградба на стационар за потребите на нашиот град, на бездомните животни.

Се работи за инвестиција од околу 1 милион денари во коишто поголемиот дел од инвестицијата ја заврши јавното претпријатие Стипион со изработка на монтажни кафези и платформа за бездомните животни, такашто заедно со јавното претпријатие Исар ги завршија сите постапки за да функционира овој објект.

Верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни поради тоа што го решаваме овој проблем со бездомните кучиња и ова е еден од примерите како Општина Штип ги надминува проблемите во градот,“ изјави Бочварски.

Извор: Општина Штип