О.Штип: Увид во започнатите градежни активности на тротоарот во населба Деснаци

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на ден 21.05.2019 година заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“ извршија увид во започнатите градежни активности на тротоарот во населба Деснаци.

Се работи за руиниран тротоар кој претставуваше проблем за движење на граѓаните од оваа населба и затоа јавното претпријатие „Стипион 2011“ започна со реконструкција на овој тротоар и поставување на ново осветлување.

„Се работи за барање на граѓаните од оваа населба и ова е една од површините којшто ги работиме токму на нивно барање.

Се работи за уредување на оваа површина за пешаци којашто ќе ја чини Општината 625.000 денари,“ изјави градоначалникот Бочварски.

„Должината на овој тротар е околу 120 метри, површината околу 200 метри квадратни, воедно со изградбата на тротоарот ќе се вгради и кабел за улично осветлување, со што ќе се постави улично осветлување,“ изјави директорот на ЈП „Стипион 2011“.

 

  Извор: Општина  Штип