О.Струга: Mерко оддржа средба со колективот на СОУ

На ден 10.05.2019 година, градоначалникот на Струга, Рамис Мерко заедно со шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи оддржа средба со колективот на “Ибрахим Темо”.

Средбата беше од информативен карактер во врска со збратимувањето на СОУ “ Ибрахим Темо” со школото Yıldız Tınas İzmiroğlu Anadolu Lisesi во Измир, Турција. Колективот на СОУ “ Ибрахим Темо” беа на тридневна посета на ова училиште каде разменија искуства, мислења и идеи за соработка во иднина.

Градоначалникот на Општина Струга рече дека ја поддржува оваа иницијатива и го покани училиштето во прашање за посета.

Извор: Општина Струга