O.Струга: Посета на претставници на австриската Зелена партија

Во просториите на Општина Струга, на ден 19.04.2019 година  градоначалникот на Општина Струга заедно со  шефот на кабинетот одржаа средба со претставници на австриската Зелена партија.


Средбата беше главно од информативен карактер, се дискутираше за еколошките проблеми како и за улогата на општината како институција, за заштита на животната средина и природните богатства на Струга.

Преставниците на Зелената партија рекоа дека Струга  им оставила добар впечаток и се надеват дека во иднина ќе имат можност да ја посетат повторно и да соработуваат со Општина Струга.

Извор: Општина Струга