О.Струмица: Нова атмосферска канализација на улицата „Ацо Караманов“

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работи на нова атмосферска канализација на улицата „Ацо Караманов“ во Струмица. Се поставуваат цевки со димензија Ф-400, а истовремено се врши и реконструкција на сливниците.

Со реализацијата на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се реши проблемот со поплавувањето и  движењето на возилата по улицата.

Извор: Општина Струмица