О.Струмица: Ново осветлување во Турското маало

Ново модерно и енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување деновиве се поставува се поставува во Турското маало во Струмица.

-На улиците „5-ти ноември“, потег од пресек со ул.„Крушевска Република“ до ул.„Бетовенова“ и улицата „Бетовенова“ до пресек со улица „Спиро Захов“ се поставуваат нови 33 столбови. Овој проект се реализира во рамките на Програмата „Ромактед – Промовирање на добро управување и зајакнување на ромите на локално ниво и потпишаниот Грант договор помеѓу Општина Струмица и Советот на Европа.

Истовремено, здружението „Хајат“ спроведе и повеќе активности за заштита од Ковид -19, дезинфекција на населбите и чистење на критичните точки, подели маски и други заштитни средства и едукација на граѓаните за заштита од пандемијата, рече при посетата завчера на ова маало, градоначалникот Коста Јаневски.

Извор: Општина Струмица