О.Струмица : Обука за собирачи и преработувачи на други шумски производи

Проектот „ЗАШТИТА НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ И БРЕНДИРАЊЕ НА ШУМСКИТЕ ПЛОДОВИ НА БЕЛАСИЦА“ организира еднодневна обука за собирачи, откупувачи и преработувачи на други шумски производи од регионот на планината Беласица, на ден 18 Април 2019 година, во Хотел „ЦАР САМУИЛ“ во Банско, со почеток во 11.00 часот.

Обуката ќе ја спроведува „Пробио“ во соработка со Шумарскиот Факултет од Скопје и ЈП „Македонски шуми“ – ПСШ „Беласица“ од Струмица.

Содржината на обуката опфаќа стандарди за добра собирачка практика, законски прописи од областа, квалитет и чување на собраниот материјал и нивна финализација во брендирани производи.

Обуката ќе опфати и актуелни теми за одржливо користење и заштита на природните ресурси на Беласица, и можностите за нивна промоција за економски развој во регионот.

 Во рамки на обуката, учесниците ќе добијат „Прирачник за собирачи“ и Потврда (сертификат) за помината обука. Дополнителни информации за настанот може да се добијат на телефоните 071/227-286 Панче Николов и 071/671-295 Никола Ристов.

Извор : Општина Струмица