О.Струмица: Положено цвеќе пред бистата на Јуриј Гагарин

Во посета на општина Струмица на ден 12.04.2019 година беше амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздинкин.

По повод 58 години од кога Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Восток-1“, со што советскиот космонаут Јуриј Александрович Гагарин  стана првиот човек во вселената, градоначалникот Коста Јаневски и амбасадорот Баздинкин, положија цвеќе пред спомен бистата на Јуриј Гагарин во Струмица.

Извор: Општина Струмица