О.Струмица: Променет е режимот на сообраќај на неколку улици

Општина Струмица ја зголеми безбедноста и го подобри протокот на сообраќајот на улиците:„Моша Пијаде“, „11-ти Октомври“, „Ванчо Китанов“, „Беласица“ и „Монополска“.

Сообраќајот на улица „Моша Пијаде“   на  делница од крстосница  со ул. „Ванчо Китанов“ до крстосница  со ул „11-ти Октомври“ од двонасочен се променува  во  еднонасочен. Правецот на движење  на оваа  делница  по ул. „Моша Пијаде“  е од крстосница  на   ул. „11-ти Октомври“  кон крстосница со ул.„Ванчо Китанов“. Десната сообраќајна  лента  на оваа делница на ул „Моша Пијаде“ гледано од правец  на крстосница  со ул. „Ванчо Китанов“ кон крстосница со ул. „11-ти Октомври“  е за паралелно паркирање на патнички моторни возила.

Сообраќајот на улица „Монополска“   од двонасочен се променува во еднонасочен.

Правецот на движење  на  ул „Монополска“ е од крстосница  на  ул. „Ванчо Китанов“  кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Сообраќајот на улица „Беласица“  од двонасочен се променува во  еднонасочен.

Правецот на движење  на  ул „Беласица“ е од крстосница  со  ул „Ванчо Китанов“  кон крстосница со ул.„11-ти Октомври“.

Извор: Општина Струмица