O.Свети Николе: Да ги заштитиме излетничките места

По многуте акции за чистење, на ден 02.05.2019 година Извидниците од Извиднички Одред Гоце Делчев во соработка со Полициската станица од Свети Николе и градоначалникот на Општина Свети Николе г-дин Сашо Велковски спроведоа превентивна акција на најпознатите излетнички места во Општина Свети Николе.

За време на оваа акција Извидниците поделија флаери и вреќи за ѓубре со што го свртеа вниманието на излетниците кон проблемот кој секоја година се јавува по завршувањето на прославата на Денот на трудот.

Извор: Општина Свети Николе