O.Велес: Честитка од Градоначалникот Коцевски за Светиот месец Рамазан

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски им го честиташе Светиот месец Рамазан на сите граѓани од исламска вероисповед.
“Почитувани сограѓанки и сограѓани,
Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на сите сограѓанки и сограѓани со исламска вероисповед ви го честитам Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости.
Ова е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие. Овој ден нека ги исполни сите муслимани со добрина, милост, љубов и проштевање.
Ви посакувам благосостојба, мир, радост и успех на сите полиња.” – се вели во честитката на градоначалникот Коцевски.
Извор: Општина Велес