О.Велес: Донација во Ќерамиди за основното училиште во Башино Село

Подрачното основно училиште „Панко Брашнаров“ во Башино Село доби донација во ќерамиди за реконструкција на покривот на објектот. Донацијата ја обезбеди Здружението за хумано домување Хабитат Македонија преку партнерскиот договор со најголемиот производител на тули во светот  Винербергер.

„Хабитат Македонија е домакин на еден несебичен гест на компанијата Винербергер. Првата донација е во ќерамиди за реконструкција на покривот на основното училиште  во Башино Село“, рече директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов.

„Проектот е од повеќе интервенции. Една од нив е промена на кровната конструкција на училиштето. Соработкатата со Винербергер почна пред годинаипол. Вкупната вредност на проектот за Македонија е 35 илјади евра. Следуваат уште две интервенции, едната е за промена на покривот на објектот во кој е сместено Здружението на лица со церебрална парализа а за другата дополнително ќе се утврдува“, рече заменик директор за програма Хабитат Македонија, Лилјана Алчева.

„Како директор на Винербергер Македонија се радувам што со Хабитат Македонија успеавме да ја реализираме донацијата со тоа што ќе се реконструира покривот на училиштето во Башино Село“, рече директорот на Винербергер, Владимир Златковски.

„Голема благодарност до нашите долгогодишни соработници и партнери во повеќе проекти Хабитат Македонија и до компанијата Винербергер која покажа голема општествена одговорност. Се надевам дека овој пример ќе го следат и други општествено одговорни компании и ќе донираат во образовниот процес се со цел да се подобрат условите за следење на наставата на учениците“, рече Градоначалникот Аце Коцевски.

Донацијата е во вредност од 350 илјади денари. Реконструкцијата на покривот на училиштето ќе почне штом се создадат соодветни временски прилики.

Извор: Општина Велес