О.Велес: Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2019 година

Организацискиот одбор на културната манифестација „Рацинови средби“, врз основа на Одлуката за објавување конкурс за доделување на награда „Рациново признание“ за 2019 година, бр. 25-982/8 од 23.4.2019 година, објавува

КОНКУРС

За доделување на наградата „Рациново признание“ за 2019 година

Наградата „Рациново признание се доделува за прозни, литературни остварувања, на автори од Република Северна Македонија“ објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби.

Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2018 до април 2019 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата во 3 примерока се доставуваат на адреса Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр. 1, 1400 Велес, со назнака „За Конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2019 година“.

Делата треба да се достават на гореспоменатата адреса најдоцна до 20 мај, 2019 година.


Претседател
на Организацискиот одбор 
на културната манифестација
„Рацинови средби“
Аце Коцевски

Извор: Општина Велес