О.Велес: Кружниот тек кај Спомен-костурницата доби нов лик

Општина Велес го уреди кружниот тек на влезот на Велес во близина на Спомен-костурницата со нов концепт на хортикултурно уредување.


По распишаната јавна набавка и изборот на приватен оператор за кратко време беше извршена реконструкција на површината, поставување на фолија, бордури и засадување на садници.


Кружниот тек е со нов лик и за неколку месеци со развојот на засадената вегетација граѓаните ќе може да ги видат вистинските резултатите од нашата работа.

Секоја сезона општината трошеше околу 200.000 денари за набавка на пролетен и есенски цветен расад и за одржување на зелената површина.
Со засадување на многугодишни декоративни садници и со лесното одржување (наводнување со временско вклучување на системот) на локацијата постигнавме трајно решение со кое овие трошоци драстично ќе се намалат и ќе се искористат за озеленување на други површини во општината.

Извор: Општина Велес