О.Велес: Организацискиот одбор на манифестацијата “Рацинови средби”

Во Општина Велес, денес, 22. Април 2019та година, се одржа Втората седница на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“. На седницата, членовите на одборот ги разгледаа точките предложени во Дневниот ред и истите беа едногласно усвоени.

Во периодот кој следи, тие донесоа заклучок, да бидат и официјално објавени конкретните датуми на одржување на манифестацијата, да биде објавен Конкурсот за доделување на наградата “Рациново признание”, Предлогот за доделување на Почесното Рациново признание, како и утврдените детали за содржините во Програмата за одбележување на 56тите “Рацинови средби”, во Велес.

Градоначалникот Коцевски, во својство на претседател на Организацискиот одбор, ја нагласи важноста на „Рациновите средби“ како меѓународна поетска манифестација, која треба да се почитува како една од трите најзначајни културни манифестации од национален интерес од градот.

Извор: Општина Велес