О.Велес: Сајбер безбедност во училиштата

Во текот на учебната 2020 / 2021 година во општинските основни и средни училишта на теритотијата на Општина Велес ќе се одржат едукативни работилници и предавања наменети за учениците, наставниците, но и за вработените во општинската администрација на тема влијанието на интернетот, односно сајбер безбедноста.

Ова беа темите на разговор на денешната работна средба помеѓу Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, со Методи Хаџи Јанев, бригаден Генерал – командант на Командата за обука и доктрини и Љупчо Стојков, Прв офицер главен наредник.

Меѓу другото, од двете страни беше афирмирана соработката и поддршката помеѓу институциите.

Извор: Општина Велес