О.Велес: Тековни градежни активности

Во тек се градежни активности на тротоарот на улица Благој Ѓорев. „Делта пром го тампонира долниот слој а „Павер Трејд“ го поплочува. „Профил Инжинеринг“ моментално работат на секундарните канализациони линии во село Отовица и на соблекувалните на спортските терени во Превалец и во Башино Село.

Се уредуваат дворовите на средните општински училишта, економското  „Јовче Тесличков“ и Гимназијата „Кочо Рацин“ и хемиското „Димитрија Чуповски“.

Се изведуваат градежни работи и на Ковид болницата.

„Трго Цемент“ работат на изведба на банкината во Село Раштани. Таму „Делта Пром“ врши изведба на атмосферска канализација.

Се врши крпење на ударни дупки со зафршен слој асфалт. Се продолжува со градежните активности на Еко кампот на Езеро Младост. Се работи и на водоводниот систем во село Раштани.

Извор: Општина Велес