O.Велес: Велес прва општина во државата со транспортен модел до 2039 година

Во финална фаза е подготовката на Планот за одржлива урбана мобилност што ќе понуди интегрирани решенија за сообраќајот и сообраќајната инфраструктура во Велес.

Вчера претставници на словенечката компанија АПИА која работи на овој значаен документ ги презентираа клучните препораки и мерки во планот. Зонско паркирање, затворање на центарот на градот за сообраќај, развој на јавниот превоз, изградба на мост на Вардар кај Речани, развој на велосипедизмот и велосипедската инфраструктура, сообраќајни планови за безбедност на децата и учениците на пат кон градинка и училиште, инфраструктура за лицата со ограничена мобилност,воведување на еднонасочен сообраќај на најкритичните места во високите делови на градот се само дел од мерките опфатени со документот.

Извор: Општина Велес