Општина Аеродром : Екомаски за првоаприлски насмевки во Аеродром

Ученици од основните училишта во Општина Аеродром ќе учествуваат на првоаприлско дефиле „Е-капитолијада“ што ќе се одржи во трговскиот центар „Капитол мол“.

На дефилето право на учество имаат ученици од 1 до 9 одделение, кои ќе изработат креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку три стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии.

Во „Капитол мол“ до 31 март на првиот кат ќе биде изложена фотопоставка, каде што сите деца што изработиле маска од електричен отпад ќе треба да се фотографираат, а маската треба да биде индивидуална.

Фотографиjaта треба јавно да биде споделена на социјалните медиуми со соодветен хаштаг од #capitolmall, #нулаотпад, #oпштинааеродром и да се означи профилот на „Капитол мол“, со цел комисијата да пристапи до сите објави. На 1 април 20 деца што ќе соберат најмногу лајкови на сликата ќе бидат поканети на првоаприлското дефиле во „Капитол мол“.

Првоарилскиот настан е во организација на „Нула отпад“, Општина Аеродром и „Капитол мол“, во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.

Извор: Општина Аеродром

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *