Општина Аеродром: Нови паркови во Аеродром
Денеска градоначалникот Златко Марин имаше координативна средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, на која разговараа за изградбата на новите паркови покрај булеварите „Февруарски поход“ и „Србија“.
Во насока на поголема грижа за зеленилото, во наредниот период Општина Аеродром ќе изгради нов парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, а ќе постави и нов систем за полевање на зелените површини и новите садници. Исто така, за најмладите ќе бидат изградени и шест нови детски игралишта.
Извор: Општина Аеродром