Општина Берово: Благодарност од Градоначалникот Пекевски, до сите кои се вклучија во гаснење на пожарот кој избувна во месноста Три реки

Голема благодарност од градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, до месното население од с. Ратево, до вработените во Шумско стопанство ,,Малешево” Берово, како и до сите граѓани, кои се вклучија и помогнаа, пожарот кој избувна во месноста Три реки, благовремено да се локализира и да се спречи негово ширење.

Општина Берово, воедно упатува апел до сите граѓани:

– да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност е, најбрзо што може, да биде пријавено во надлежните институции

Извор: Општина Берово

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *