Општина Берово: Известување

Во врска со неодамнешните обвинувања на Веб Порталотwww.bregalnicki.mk, за изорано игралиште, кое се користело како помошно игралиште за тренинзи и натпревари за ОФК,,Малеш’’Берово, Ве известуваме дека игралиштето од 2015 година, не е во општинска надлежност.

Истото земјиште, од 2015 година, е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое после 2015 година има склучено закуп, со индивидуален земјоделец.

Од тие причини,сакаме да искажеме јавен револт, спрема сите оние кои, сакајки некого да обвинат, се користат со објавување на лажни и непроверени информации и да упатиме апел, пред објавување на било каква критичка информација, да ја сослушаат нападнатата страна, како би имале непристрасно и воедно подкрепено известување за јавноста.

Извор: Општина Берово

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *