Општина Берово: Одбележан 8-ми април, Светскиот ден на Ромите

Со свечена академија, во Бизнис инкубаторот во Берово, денеска е одбележан 8-ми април, Светскиот ден на Ромите.

Свој настап, имаа децата од детската градинка ,,23 Август” , ученикот Харис Чиндаров од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” , средношколците од ОСУ,,Ацо Русковски” од Берово и членовите од КУД,,Димитар Беровски” од Берово.

Свое обраќање на академијата, имаше Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој честитајќи им го денот на сите припадници од ромска националност, го исткна значењето на културните вредности и специфики на Ромската заедница.

,,Ромите, како интегрален дел од нашето општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките, да го негуваат својот јазик, да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да се вклучуваат во сите сфери од општествениот живот”-рече тој во своето обраќање.


На присутните им се обрати и Пратеничката Јагода Шахпаска, која им го честита денот на Ромите и ја истакна заложбата на државата, кон се поголема подршка на ромската популација и кон унапредување на меѓуетничката соработка.

Извор: Општина Берово