Општина Берово: Плоштадот ,,Димитар Беровски’’ во Берово, блесна на првиот априлски ден
Првиот априлски ден, дечињата од ОЈУДГ„23-Август“ од Берово, Русиново, Смојмирово, Митрашинци, и Будинарции,првоодделенците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски’’ и ООУ ,,Никола Петров Русински’’ го одбележаа со традиционалнодефиле низ градот и го наполнија плоштадот ,,Димитар Беровски’’.
Облечени како принцези, самовили, пеперутки, супер херои, тие со своитевоспитувачки, продефилираа од Детската Градинка “23-ти Август“, до плоштадот во Берово, сокриени под вешто изработените маски.
Многу среќа се читаше на детските маскирани лица и самите блескаа низ првоаплилската еуфорија, а на плоштадот, секоја група се претстави поединечо.
Плоштадот во Берово беше преполн, од весели родители, роднини и минувачи, а водителите на маскембалот со јасна порака:
,,После овој ден, возрасните да ги симнат маските од лицата, да можат децата правилно да се насочуваат” .
Извор: Општина Берово