Општина Берово: Спроведена акција за чистење на локалитетот Беровско Езеро

Во рамките на пролетните активности, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга’’ и АД,,Водостопанство” Берово, денеска, спроведоа акција за чистење на локалитетот ,,Беровско Езеро”.

Се чистеше просторот околу патеката, околу Детското одмаралиште, околу хотелскиот комплекс ,,Аурора” иоколу хотелскиот комплекс ,,ВИП”.

Соберениот отпад, беше транспортиран со возила на ЈПКР,,Услуга” Берово.

Во пролетната акција за чистење, се вклучија и учениците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” и средношколците од ОСУ,,Ацо Русковски”, кои го чистат теренот околу училиштата.

Извор: Општина Берово