Општина Битола: Масовно засадување на дрвца во Градски парк

На почетокот на пролетта, во Градскиот парк се одржа втората фаза од акцијата „Дај свој придонес-засади дрво“. Општина Битола ја прими донацијата од садници, набавени на иницијатива на компанијата „Интерворкс“, а во набавката на садници се приклучија и „Кромберг и Шуберт“, „Киро Дандаро“, пицеријата „Кус-кус“, „Хемометал“, „Бимилк“, „Симпекс“ и „Цилиндо“. Целата акција беше реализирана во соработка со ЈП „Комуналец“.

Градоначалничката Наташа Петровска исто така засади дрвце, опкружена со голем број учесници во оваа масовна акција. Во засадувањето најмогу уживаа и се радуваа децата од градинките на двете јавни установи, а на четирите кружни текови во Градскиот парк дрвца засадуваа и ученици од основните и средните училишта во градот, со помош на вработените во ЈП „Комуналец“ од секторот Јавно зеленило. Засадуваа и дел од лицата со посебни потреби и членовите на здружението „Порака“. Присутни беа и вработените од компаниите кои во јавниот сектор донираа над 1000 садници и кои исто така се придружија на акцијата на засадување.

Во оваа фаза на засадување ќе бидат опфатени дел од јавните површини во градот, основите училишта, градинките, Зоолошката градина и ЈЗУ „Хаим Абраванел“. Организаторите најавија дека ќе продолжат со донирање на садници и за физички лица, чиј број е исто така над 1000 парчиња.

Извор: Општина  Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *