Општина Битола: Уредување со бекатон плочки на дел од улицата Охридска

Oд денес жителите на дел од улицата Охридска ќе се движат по уредена улица со бекатон плочки. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на терен изврши увид на спроведувањето на активностите од страна на екипите на фирмата „Коп Инжинеринг“ од Скопје, кои работат на поставување на плочките во овој дел од градот.

Со бекатон плочки ќе биде уредена површина од 200 метри квадратни, а вкупната инвестиција на Општина Битола, за овој дел на улицата Охридска изнесува 200 000 денари.

Извор: Општина Битола

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *