Општина Чаир : Продолжува акцијата за чистење на целата територијата на Општина Чаир

Почитувај и вреднувај го трудот на искрениот работник! Помагај му и не му ја отежнувај мисијата за почиста животна средина!

Акцијата за чистење на територијата на нашата општина се секојдневна рутина на сезонските работници. И денес без никакво колебање тие се наоѓаа вршејќи ја нивната работа на ул. “Ферид Мурад“, “Емин Дураку“, “Архиепископ Доситеј“ и во населба Топанско Поле. Заради нивната пот, да придонесеме сите за почиста и поздрава животна средина во местото каде живееме.

Почитуван граѓанин на Општина Чаир, пред да го фрлиш отпадот на улица, таму каде што не му е местото, потсети се на трудот на овие работници кои го даваат нивниот максимум за да го подигнат нивото на јавна чистота. Само заедно можеме да го направиме нашиот Чаир почист!

Извор: Општина Чаир

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *