Општина Чаир: Првиот клуб на роботика во основните училиште


Не е прв пат Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Министерот за Образование и Наука Арбер Адеми да се ангажираат за реализација и поддршка на иновативни проекти во полза на подобрувањето на нивото на едукативно – образовниот процес во основните училишта на Оштина Чаир.

Овој пат, со иницијатива на Советот на родители на Основното Учичилште “Исмаил Ќемали“ претставен од страна на г-дин Фатмир Битиќи и во соработка со престижната домашна компанија во областа на технологијата – “GDI“, се презентираше првиот клуб на роботика во основните училиште на нашата општина, каде учениците ќе се здобијат со знаење за да можат да креираат различни базични модели на роботи и да го направат нивното програмирање.

Важноста на имплементирањето на овој едукативен проект кој започнува од Основното Училиште “Исмаил Ќемали“ и ќе продолжи во другите училишта, стои во потребата од ориентирање и будење на интересот на новите генерации за науките на модерната технологија, стимулирање на технолошката креативност кај нив и интерацијата во полза на проширување на хоризонтот на знаење кој мора да биде во тек во модерната наука.

Извор: Општина Чаир

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *