Општина Чаир: Се донесе одлука за давање на согласност за реконструкција на постоечката котлара на ЈЗУ “Специјална болница по Гинекологија и Акушерство “Мајка Тереза“

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Чаир предводена од нејзиниот претседател г-дин Захир Бектеши и во присуство на Градоначалникот Висар Ганиу, едногласно се усвои Одлуката за давање на согласност за реконструкција на постоечката котлара на ЈЗУ “Специјална болница по Гинекологија и Акушерство “Мајка Тереза“.

Oвој проект ќе ги исполни условите и потребите на пациентите на оваа болница, но и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во нашата општина. Секогаш во служба на потребите на локалните институции кои се грижат за здравстената благосостојба на нашите граѓани!

Извор: Општина Чаир 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *