Општина Дојран: Известување

Врз основа на член 3 Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/07 и 45/11) Градоначалникот на општина Дојран го издава следното,

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат граѓаните и правните лица на општина Дојран дека се организира  консултација со јавноста по Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Урбанистички план за село Нов Дојран, општина Дојран.
Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 22.03.2019 со почеток во 12.00 часот, во административните простории на општина Дојран.
Извештајот за стратегиска оцена на животна средина може да се разгледа во просториите на општина Дојран  во периодот од 14.03.2019 до 15.04.2019 година секој работен ден.
Општина Дојран ја информира заинтересираната јавност дека во текот на 30 дена јавен увид може да доставува мислења по истите, по електронски пат на меил адреса, по пошта или преку архивата на општина Дојран.

Бр.11-169/3

13.03.2019 година,Стар Дојран

Прилози:

1. Извештај за стратегиска оцена на животната средина

2. Предлог УПС Нов Дојран

Извор: Општина  Дојран

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *