Општина Гевгелија: Доделени наградите за најкреативни маски

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на ден 05.04.2019 година им ги врачи наградите на најкреативните и најоригинални маски на Априлијадата 2019 година.

Како што е познато првото место на оваа традиционална детска манифестација, што ја организира Пионерскиот дом, им припадна на Бабушки и Дедушки од 3-в одделение во ООУ„Крсте.Мисирков“ во Гевгелија, и на Пролетни цвеќиња на групата Мики Маус од ЈДУ„Детска радост“.

Второто место го освоија Жирафи на 1-б од ООУ„К. Мисирков“ и Лебедово езеро на 3-1 од ООУ„В. Кантарџиев“. Третото место го освоија маските Сладолед на учениците од 4-2 во ООУ„В. Кантарџиев“ и Ангели и гаволи на 5- г од „К. Мисирков“.

Четвртото место им припадна на маските -Крал и кралица на 3.-2 одделение во „В. Кантарџиев“ и Рапери -од 4.-а во „К. Мисирков“.


На наградените им беше доделена аудио опрема, кои заеднички ќе ја користат во своето училиште и градинка.

Извор: Општина Гевгелија